Дембеле се врати на тренинзи по повредата
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, се врати денеска во тренажен процес, два дена пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Арсенал, објави францускиот првак.
Дембеле го напушти теренот со повреда минатиот вторник за време на победата од 1-0 над Арсенал во Лондон, но фотографиите попладнево на официјалните канали на клубот покажаа дека тој учествувал на заедничкиот утрински тренинг.
Иако клубот не даде повеќе информации, враќањето на Дембеле на тренинзите со тимот се толкува како позитивен знак дека би можел да настапи в среда и да му помогне на ПСЖ да стигне до своето второ финале во Лигата на шампиони.
Францускиот интернационалец е еден од клучните играчи во тимот на Луис Енрике оваа сезона, постигнувајќи 28 голови.
Во првиот натпревар против Арсенал, Дембеле беше стрелец на единствениот гол во четвртата минута, но беше повлечен од теренот во 70. минута поради повреда.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група