Демант од Државниот инспекторат за земјоделство на изјава на дополнителниот заменик министер Трипуновски
Трипуновски денеска изјави дека директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, издал наредба до инспекторите, дека не смееат да преземаат активности во Охридското езеро, без согласноста на директорот Зоран Шапуриќ, со што наводно се нарушувала самостојноста на инспекторите.
Ова е апсолутно нерточно. Имено, не е издаден никаков налог ниту пак, наредба, до инспекторите. Токму спротивно на ова, е дадено укажување на референтите за физичка заштита на езерото, кои не се инспектори, и кои немаат никакви инспекторски овластувања, да ги користат ресурсите на овој инспекторат без налог на овластениот инспектор и без инспектортот кој е номиниран во Кординативното работно тело,како и дриректорот на ДИЗ кој учествува во работата на ова тело.
Имено, со Одлука на Владата на Република Македонија поради утврдените бројни неправилности е раскинат договорот за концесија за риболов во Охридското езеро. По ова е формирано Координативно работно тело со Одлука на Владата, за превземање мерки и активности за контрола и следење на состојбата со риболивот и заштита на водите и рибите во Охридското езеро. Во оваа тело членуваат претсавници на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Министерството за внатрешни работи, преку Езерска полиција, на ДИЗ, Агенција за храна и ветрина, на Охридска Капетанија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и други институции. Сите активности на Државниот инспекторат се преземаат вокоринација со ова тело. Според ова не се работи за никаков, налог или наредба до инспекторите, туку за укажување за користење на ресусрси на ДИЗ до референти. Овој инспекторат и неговиот директор Шапуриќ, не штитат никого. Доказ за ова е дека по констатираните бројни неправилности од страна овој инспекторат, Владата го ракина договорот со концесионер за стопанисување со Охридското езеро. Исто така, изминативе денови со коринирани активности на Државниот инспекторат за земјоделство, езерската полиција, Охридската капетанија и Државниот пазарен инспекторат преземени се низа активности со кои е одземена риба и мрежи , при што зашто се поднесени 6 соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци