Македонија
28. February 2025 - 8:28

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја

Без електрична енергија денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани кај агенцијата „ОСА“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9;30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Кичевска“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата по гробиштата во Марино кон населба Јака, Општина Илинден. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.