Делови од Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Зелениково и Илинден утре без струја
Без електрична енергија утре од 10 до 12 часот ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев“, делот околу поранешната фабрика „Прогрес“, подулиците „1“, „3“, „5“, „7“, „11“, и делот од оваа улица кај новиот кружен тек во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 13 часот безс снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ подулици „51“, „53“, „55“ и блиските подулици во пштина Аеродром.
Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Илинден“, објектите од број 148 до број 160 (парни броеви) во општина Карпош.
Корисниците од селото Зелениково ќе бидат без струја од 9:30 до 12 часот, а од 8 до 13 часот дел од корисниците од населбата Илинден, улиците „517“, „521“ и „522“ и околината во општина Илинден.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст