-->
-->
Делови од Кисела Вода, Аеродром и Сопиште утре без струја
-->
Од 8.30 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Иван Козаров“ и мал дел од улиците „Божидар Аџија“ и „Тоне Томшиќ“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“, подулици 24 и 25 во Кисела Вода, а од 8.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Божидар Николов – Силни“ во општина Аеродром.
Селата Говрлево, Горно Соње, Света Петка, Виничиште и Чифлик во општина Сопиште ќе бидат без струја од 9 до 13 часот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба