Македонија
8. February 2017 - 14:58

Делови од Карпош и Гази Баба утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Струшка“, „Јуриј Гагарин“, „Кораб“ и „Козле“ во општина Карпош утре од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат без електрична енергија. 

Во периодот од 10 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Маџари 2, поточно објектите околу куќен бр. 136 во општина Гази Баба. 

РЦУК на Град Скопје информира дека прекините се поради технички зафати во електромрежата.