Делови од Гази Баба и Петровец утре без струја

Корисниците од селата Црешево и Смиљковци во општина Гази Баба утре, од 8 до 14:30 часот, ќе бидат без електрична енергија.
Од 10 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сушица, Дивље и Живиње во општина Петровец.
В понеделник од 8 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Френклин Рузвелт“ броевите 1, 3 и 5, објектите зад хотелот „Бетон“, хотелот „Бетон“, улицата „Миле Поп Јорданов“ броевите 28, 30, 32, 34, 36 и 38 и корисниците од улицата „Васил Ѓоргов“ броевите 26, 28, 30, 32, 34 и 57 во општина Карпош.
Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подулица бр. 26, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Наум Охридски“, „474“ и корисниците од „Томе Арсовски“ во општина Кисела Вода.
Во временскиот период од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Оризари, населба Голиево подулици 2 и 3 во општина Бутел. Од 12 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Горно Лисиче, делот по училиштето „Гоце Делчев“ во општина Аеродром.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-

Усен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 67,5 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
