-->
-->
Делови од Центар и Карпош утре без струја
-->
Корисниците од улицата „Наум Охридски“ со куќни броеви од 7 до 19 и од улицата „Баница“ од број 1 до број 6 во Општина Центар утре од 9:00 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Њуделхиска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Дрезденска“ и дел од улицата „Козле“, а од 9:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од населбата Злокуќани во близина на фирмата „Ратко Митровиќ“ во Општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
