-->
-->
Делови од Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош утре без струја
-->

Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК на Град Скопје.
Во периодот од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Живко Чинго, како и дел од корисниците од улиците Радњанска и Дебарца во општина Центар.
Корисниците од улиците 1330, 1343 и Мите Богоевски во општина Аеродром утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат без електрична енергија.
Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од викенд населбата Веле Поле во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Периша Савелиќ во општина Центар, како и дел од корисниците од ул. Христо Батанџиев во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Загребска – подулици 1, 3, 5 и 7, како и дел од корисниците од ул. Караорман кон Водно во општина Центар.
Без струја во периодот од 9:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Московска и Лондонска, како и дел од корисниците од ул. Хелсинки, а од 10:00 до 15:00 часот и дел од корисниците од ул. Жданец во општина Карпош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
