Македонија
4. August 2015 - 11:41

Делови од Бутел, Сарај и Студеничани утре без струја

Од 7 до 11 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Скоевска“, броевите 68а, 68б, 66а, 66б, 64а, 64б, 70а, 70б и 72 во општина Бутел.

Во периодот од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Батинци, сите потрошувачи од крстосницата на главниот пат, депонијата Дрисла, фирмата „Роло Оков“ и фарма Дрисла во општина Студеничани. 

Од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Грчец, лоцирани на улица број „2“ во општина Сарај. 

Како што информира РЦУК, прекините се поради интервенции во електросистемот.