Делови на Турција зафатени од обилни снежни врнежи
Обилните снежни врнежи и студеното време што ја зафатија делови на Турција, придонесоа за затворање на повеќе училишта и за проблеми во сообраќајот.
Како што јави агенцијата Анадолија, властите во 21 округ во централна и северна Турција соопштија дека поради обилните врнежи денеска нема да работат училишта.
Снегот предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци, од кои некои се целосно затворени. Поради невремето во застој е и сообраќајот на меѓуградските автобуски линии од Анкара.
Поради солниот ветер во прекин е и фериботскиот транспорт од Истанбул кон градовите Бурса, Калова и Баликесир во северозападниот дел на Турција.
Авикомпанијата „Туркиш Ерлајсн“ соопшти дека поради невремето откажала 38 летови планирани за денеска и уште 26 предвидени за утре.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат