Делев: Нема нови инвестици, постојните пред откажување

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата дека не е способна да донесе нови инвестиции, но и дека постојните, како што рече Кристијан Делев од оваа партија, се пред одлука за затворање на капацитетите.
- Владата на Заев во наследство добива шеесетина странски компании со кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше во сериозни разговори и потенцијални 25.000 работни места. Наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции тие се откажуваат, рече на прес-конференција Делев.
Според ВМРО-ДПМНЕ, сега активностите за странските инвестиции ги водат наместо стручни кадри, луѓе припадници на „Шарената револуција“, партиски војници и неквалификувани кадри, а повлечени се и сите инвестициски промотори од Европа, Америка и Азија.
- Не се работи само за неспособност, туку и за намера. Бркањето на инвеститорите и затворањето на погоните ја намалува цената на пазарот на трудот, тоа ќе ги намали платите, а тоа значи и повеќе профит за бизнис олигарсите на СДС, рече Делев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
