Делегација од ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев
Делегација од ВМРО-ДПМНЕ, во составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и членот на ИК Ели Панова, во дворот на храмот Св. Спас во Скопје положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот великан, и еден од симболите на македонската револуционерна борба за ослободување Гоце Делчев.
Делчев е нишката на обединувања и црвената линија на Македонија, неговото делување станало инспирација за голем број други дејци како во Илинденскиот период, така и во периодот на Втората Светска војна на учесниците во НОБ.
Идејата на Гоце Делчев за Македонија слободна и просперитетна ја живееме денес, но сите ние имаме обврска да ја унапредиме земјата и да ја оставиме просперитетна и со можности за генерациите што идат.
Токму затоа во овие турбулентни мигови, кога кај власта недостасува чувство за национално обединување, потребно е народот сам, со сите други чинители да ја носи идејата на Делчев, а со цел заштита на македонскиот јазик, историја и идентитет.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Арагчи: Иран нема да се откаже од нуклеарните права
-
Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул