Делегација на Советот на министри на БиХ во посета на Македонија
Делегација на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот на Советот Денис Звиздиќ, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.
Звиздиќ ќе има средба со премиерот Зоран Заев во Владата на РМ, по која ќе одржат заедничка прес-конференција, а билатерална средба ќе одржат и владини делегациии од двете земји кои свечено ќе потпишат договори за соработка.
Како што соопшти владината прес-служба, делегации на Република Македонија и Босна и Херцеговина потоа ќе се приклучуваат кон Маршот на живите и пеш ќе пристигнат пред споменикот на 7144 македонски Евреи во кругот на Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол), во рамки на одбележувањето 75 години од холокаустот на македонските Евреи
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза