Македонија
14. November 2024 - 12:41

Социјално ранливите се борат со глад

Преку 500 семејства добиваат помош од Црвениот крст Охрид. Најпогодени се многудетните семејства, болни и инвалидизирани лица  и самохраните родители кои имаат најразлични потреби од прехрамбени производи, облека, здравствени услуги, лекови а во зимскиот период бараат и помош за огрев. Голем дел од социјално ранливите, секојдневно се борат со глад а расте бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.

Има и такви случаи кои ја злоупотребуваат помошта.

Од Црвениот крст велат дека охриѓани  се хумани но можат да бидат уште поинволвирани за да им се  помогне на оние на кои им  е најпотребно . Апелираат до граѓаните да бидат хумани и да се вклучат со донации.

Волонтерите од општинскиот Црвен крст на терен  спроведуваат низа активности со цел да се подигне  јавната свест за немаштијата и социјално загрозените семејства и да се изнајдат фондови за да им се помогне.