Делегација на Општина Охрид во посета на германскиот град Визмар
Делегација на општина Охрид предводена претседателот на Советот, Гордана Коњановска престојува во работна посета на германскиот град Визмар.
Во состав на делегацијата се и секретарот на општината, Димитар Спасески и Горан Мицкоски од Секторот за туризам и локален економски развој.
Покрај средбите со претставници од Визмар и размената на искуства во врска со функционирањето и поставеноста на градската управа, посетата ќе биде искористена за разгледување на можностите за туристичка соработка меѓу градовите Охрид, Струга и Поградец преку реализација на проекти кои ќе овозможат збогатување на туристичката понуда на градовите околу Охридското Езеро, а поддржани од германската Влада.
Како што е предвидено ќе биде остварена средба и со претставници од светски позната компанија која се занимава со изградба, одржување и издавање туристички населби, при што пред нив ќе бидат презентирани можностите за нивно инвестирање во Охрид.
Од локалната самоуправа оценуваат дека ова е уште една можност за промоција на Охрид како туристичка дестинација пред жителите на Визмар, град што исто како и Охрид е под заштита на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје