Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти
Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА денеска ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.
Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 31 декември на 95-годишна возраст. Тој ќе биде погребан денеска, а на погребот се очекува да присуствуваат голем број на шефови на држави или влади, како и членови на кралски семејства.
Илјадници луѓе вчера се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело изминатите три дена беше изложено во базиликата Свети Петар.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје