-->
-->
Делчево и Македонска Каменица добија 1,4 милиони евра за изградба на локални патишта
-->

Делчево и Македонска Каменица добија 1,4 милиони евра за изградба на локални патишта. Како што информираа од Општина Делчево, согласно Меморандумот за разбирање кој Владата го потпиша со 80 општини за реализација на Проектот за поврзување локални патишта, Делчево добива неповратни 790.000 евра за изградба и реконструкција на локални патишта и улици.
– Во рамките на овој проект, Општина Делчево во првата фаза аплицираше за реализација на потпроектите реконструкција на улицата „Орце Николов“ во должина од 500 метри со изградба на тротоари, реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 250 метри со изградба на тротоари, реконструкција на дел од улицата „Острец“ во должина од околу 100 метри со изградба на потпорен ѕид и тротоари, како и изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 километри, заедно со инсталирање систем за одводнување со отворен канал и пропусти, информираа од Општина Делчево.
Општина Македонска Каменица преку проширувањето на соработката и партнерството со Владата, добива износ од 630 илјади евра.
– Овие средства ќе бидат наменети за изградба на нови четири километри безбедни и отпорни на климатски услови локални патишта во приградските и руралните средини. Проектот покрај општествената одговорност има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот, изјавија од општината.
Проектите се предвидени за тендерирање од страна на Министерството за транспорт и врски во текот на 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто
-

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми
-

Влада: По 15.300 денари за електронски уреди - студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено
-

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени
-

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026
-

Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Скопје
-

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
