Делчево го доби првороденото бебе во 2021 година - Бебето е девојче
Делчево го доби првороденото бебе во 2021 година. Бебето е девојче и е прва рожба во домот на младите Даниел и Сандра Стоименовски.
– Во предвечерието на најголемиот христијански празник Божик, Делчево го доби првороденото бебе во Новата година. Малата Мила, која е прва рожба во домот на семејството Стоименовски се роди во Клинички центар Скопје, на 4 јануари 2020 година, информираа од делчевскиот здравствен дом.
За првороденото бебе во Новата година, Општина Делчево ќе издвои паричен надомест од 10 илјади денари.
– Ова е пракса која секоја година се практикува како мала поддршка на семејствата чие бебе е првородено во годината, истакнаа од општината.
Од општината посочија дека освен малата Мила, парична помош во 2021 година ќе добијат и останатите родители кои ќе добијат новороденче во Новата година.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
