-->
-->
Делчево го чествува ликот и делото на Свети Климент Охридски
-->
Во Делчево денеска се слави ликот и делото на Св.Климент Охридски. Со пригодна свеченост во дворот на училиштето кое го носи името на македонскиот просветител денеска пред неговата биста беше прочитан пригоден реферат за неговиот лик и дело, додека свежо цвеќе положија претставници на училиштето, локални институции, здруженија и граѓани.
По повод патрониот празник на училиштето синоќа се одржа и Свечена академија, на која во својот говор директорот на деветолетката „Св.Климент Охридски”, Горан Димитровски, истакна дека училиштето и оваа година постигнало одлични резултати на сите полиња.

– Во изминатата година училиштето ги реализираше сите проекти предложени од Министерство за образование и наука. Учениците активно учествуваа на сите спортски настани организирани од Федерацијата на училишен спорт и на истите остварија одлични резултати. Во училиштето наставниците постојано професионално се усовршуваат за да можат да ги следат примените на наставните програми, се со цел да одржуваат квалитетна настава во рамки на воспитно-образовниот процес, рече Димитровски.
Во рамки на Свечената академија беа доделени награди за најдобрите ученици кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема „Мојот град”.
Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на деветолетката „Св.Климент Охридски” претходно беа организирани спортски натпревари во мал фудбал и ракомет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска - Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии