Делави оптимист за демаркацијата на косовско-црногорската граница

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, е оптимист дека во текот на неделава косовскиот Парламент ќе го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Во интервју за порталот „КосСев“, Делави изјави дека изгласувањето за демаркацијата не било никогаш поблиску отколку деновиве.
- Признавам дека сум виновен за фактот што сум оптимист. Сметам дека е факт оти не сме биле никогаш поблиску од денес, за да се изгласа Договорот за демаркацијата во Парлементот, бидејќи 80 или повеќе гласови се потребни за тоа, посочи Делави.
Тој додаде дека ако демаркацијата се изгласа во текот на оваа недела тоа „би било прекрасно“, како и оти договорот би бил во интерес на сите граѓани на Косово.
По двете неуспешни продолженија на вонредната седница на косовскиот Парламент на која на дневен ред беше токму демаркацјата беше соопштено дека седницата ќе продолжи утре, но засега нема потврда за тоа.
Парламентарното мнозинство нема доволен број гласови (80 од 120 пратенци), кои не ги обезбеди ни по средбата со парламентарната група на Српска листа со косовскиот државен врв. Бидејќи Движењето Самоопределување цврсто стои на ставот дека е против договорот, неговата судбина и понатаму останува во рацете на пратениците од Српска листа.
Договорот е потпишан во август 2015 година и е ратификуван од страна на црногорскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
