Дел Понте: Aпсењето на Артман е неприфатливо
Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека денешното апсење на поранешната портпаролка на Трибуналот, Флоренс Артман е неприфатливо.
- Не можам да разберам што се прави на ваков важен ден, кога се соопшти пресудата за Радован Караџиќ, изјави дел Понте, која сега е член на Советот на Обединети нации за човекови права и на Комисијата за истрага за Сирија.
Артман е уапсена денеска пред Трибуналот, каде пристигнала за да го следи изрекувањето на пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ. Таа е уапсена поради прекршување на забрана за пристап до Трибуналот.
Во 2009 година Артман беше осудена на казна од 7.000 евра за непочитување на судот бидејќи во книгата „Мир и казна“ и статијата „Скриени клучни докази за геноцид“ открила доверливи судски информации. Артман одби да ја плати глобата и казната се трансформира во седум дена затвор.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива