Дел од учениците во Германија се вратија во училишните клупи

Дел од учениците во Германија почнаа да се враќаат во училниците, јави ДПА.
Училиштата за ученици од повисоките класови во Саксонија, Берлин и Бранденбург се отворија денеска. Другите провинции ќе ги отворат училиштата подоцна во текот на неделата, а некои ќе чекаат до почетокот на мај. Одлуката за продолжување на работата во училиштата ќе зависи целосно од локалните власти.
Делумно отворање на училиштата, кои беа затворени минатиот месец како мерка за стопирање на ширењето на новиот коронавирус, беше договорено од канцеларката Ангела Меркел и премиерите на провинциите.
Тоа почна денеска со враќање на поголемите ученици кои треба да следат строга социјална дистанца додека се во училниците.
Во берлинска гимназија учениците беа со маски и ги дезинфицираа рацете пред да седнат на масите, меѓу кои има повеќе простор од вообичаеното.
Германија се наоѓа на петтото место во светот по број на заразени со Ковид-19, со речиси 142.000 случаи. Сепак, бројот на смртни случаи е релативно мал – 4.404.
Ново на Сител
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
-

Преглед на вестите од светот
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
-

Охрид доби културно-туристички водич
-

Преглед на вестите од светот
