Македонија
17. January 2021 - 21:42

Дел од Старата скопска чаршија утре без вода

 Дел од Старата скопска чаршија утре ќе биде без вода.

Од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје, информира дека поради дефект на противпожарен хидрант ф-80 милиметри на улица „Лазар Танев“ бб (позади црквата Св.Спас), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Стара Чаршија.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со активностите за отсратнување на дефектот.