Дел од средношколците во Грција се враќаат во училишните клупи, но со негативен тест за Ковид-19
Негативен резултат од тест за домашна употреба е задолжителен за учениците и вработените во средните училишта во Грција што се отвораат денеска, а според информациите доцна синоќа, 0.27 отсто од тестовите се позитивни, односно пријавени се вкупно 408 заразени ученици и професори, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката Влада воведе нов вид бесплатни тестови за домашна употреба (т.н. „селф“ тестови) кои од минатата седмица се достапни во аптеките, но и задолжителни за средношколците и просветните работници во пресрет на денешното отворање.
По направениот тест, резултатите се пријавуваат на специјална интернет платформа, а според информациите доцна синоќа, 0.27 отсто од тестовите се позитивни, односно пријавени се вкупно 408 заразени ученици и професори.
Поконкретно, од учениците, позитивни се 236, а негативни 98.965, додека пак од професорите и останатиот персонал во средните училишта, 172 лица добиле позитивен резултат, а 50.887 негативен.
„Селф“ тестовите за учениците, професорите, како и останатиот персонал во училиштата се задолжителни два пати седмично, односно ќе треба да ги прават или вечерта или наутро пред училиште, секој понеделник и четврток.
При негативен резултат, добиваат училишна карта, што е задолжителна за следење настава, а при позитивен резултат ќе треба да се спроведе и второ тестирање, но во здравствена институција.
Конкретните тестови, што набргу ќе бидат достапни и за сите граѓани, според грчката Влада се дополнителна алатка во борбата со Ковид-19, но и дополнителна алатка во процесот на олабавување на рестрикциите.
За секој граѓанин предвиден е по еден бесплатен тест седмично, во следните два месеци.
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Највисоката плата лани: 190.000 евра бруто месечно
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
