Дел од синдикати на ССМ со пораки по повод Меѓународниот ден на трудот

Сигурни и достоинствени работни места, слобода на организирање и договори на неопределено време се дел од пораките на неколкуте синдикати членки на Сојузот на синдикати на Македонија упатени по повод претстојниот Меѓународен ден на трудот - 1 Мај.
Синдикатите на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ, Синдикатот на одбраната и Синдикатот на работниците од енергетиката и стопанството денеска најавија дека ќе се борат за редовни плати, квалитетни и сигурни работни места, потпишување општ колективен договор за јавниот сектор и за враќање на правото на регрес на годишен одмор и за јавниот сектор.
Поради совпаѓањето на 1 Мај со големиот верски празник Велигден, од овие синдикати соопштија дека годинава нема да организираат првомајски марш.
- Имаме намера во иднина на достоинствен начин да го одбележуваме празникот. Годинава не сме во можност тоа да го направиме како што сакаме од причина што има совпаѓање со верскиот празник Велигден. Од следната година ќе го одбележуваме достоинствено 1 Мај и ќе ги повикуваме работниците секогаш да излегуваат на протест, рече Пецо Грујовски, претседател на синдикатот на УПОЗ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
