Македонија
13. December 2022 - 17:45

Дел од Карпош и Сарај утре без струја

Дел од корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош утре од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 13:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Љубин, а од 9:00 до 14:30 часот, корисниците од селата Раовиќ и Паничари во општина Сарај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани  технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.