Дел од карпа се урна по силниот земјотрес во Грција на популарната плажа Навахо | ВИДЕО
Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во Јонското Море меѓу Кефалонија и Закинтос.
Како последица на земјотресот, дел од карпа се откинала и паднала во морето на популарната плажа Навахо на Закинтос, јавуваат грчките медиуми.
На видеата на социјалните мрежи се гледа прашина откако камењата паднале во водата, додека околу неа има бродови.
Додека прашината се издига над водата, видеото покажува и како на некои капачи не им е грижа и продолжуваат да пливаат во морето, иако се многу блиску до брегот.
Грчките медиуми јавуваат дека првиот земјотрес е регистриран во 10 часот и 36 минути по грчко време, а до четвртокот наутро до 11 часот и 16 минути на пошироко подрачје се случиле уште седум земјотреси со јачина поголема од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Експертите велат дека од утрово е неопходно да се внимава по земјотресот.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран