Декларација за соработка на локалните избори на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“
Политичките партии обединети во коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера потпишаа Декларација за заеднички настап на претстојните локални избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по потпишување на декларацијата порача дека на граѓаните им е потребен напредок и подобар живот и дека на изборите очекуваат победа.
- Денес одлучно застануваме заеднички, за на граѓаните заеднички да им ја понудиме најдобрата кадровска и програмска понуда. Она што не обединува Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати е потребата за напредок. Тој напредок ќе го понудиме, тоа е желба за подобар живот. Оваа декларација за коалициски настап е вовед во нова победа на претстојните избори во Македониј, истакна Груевски.
Според него, како резултат на нивната работа досега се решени комунални и инфраструктурни проблеми и се реализирани 10.359 ветувања за општините и граѓаните.
- Овие резултати ветуваат дека тоа што ќе го понудиме и на овие локални избори ќе биде преточено во нови километри асфалт, нови цевководи, нови објекти, нови подобрени услуги за граѓаните. Затоа слободно може да кажеме дека оваа не е само декларација потпишана само помеѓу политички партии, туку е декларација потпишана со граѓаните, која својата верификација ќе ја добие на 15 октомври со една убедлива победа на локалните избори, наведе Груевски.
Претстојните локални избори, како што рече, не се само обични избори за градоначалници и локални совети, туку се избори за Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека новата Влада покажала неспособност да се справува со проблемите на граѓаните.
- Нашата понуда посветеност, одговорност и знаење ќе биде најдобриот одговор на хаосот и неизвесноста која СДС ја предизвика, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД