Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
Дејвис куп репрезентацијата на Македонија успеа да избори пласман во Втората Светска група откако го освои третото место на мечевите од Третата Европска група во ова натпреварување. Во последниот дуел Летонија со 2:1 ја совлада Македонија и со тоа го освои првото место пред Црна Гора.
Дека Летонците се подготвуваат за победа во мечот во двојки покажа и потегот на нивниот тренер Денис Павловс да направи промена и во состав да го активира нивниот најдобар играч Роберт Штромбачс. Летонците мечот во двојки го добија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4) за 1 час и 13 минути игра.
На крајот на трите првопласирани национални тимови им беа доделени медали.
Резултати 5.коло: Македонија – Летонија 1:2, Црна Гора – Молдавија 3:0 и Малта – Ерменија 3:0.
Конечен пласман: Летонија 5-0 (победи-порази), Црна Гора 4-1, Македонија 3-2, Молдавија 3-2, Малта 1-4 и Ерменија 0-5.
Ново на Сител
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче