Дејли телеграф: ЕУ со закани за прекин на Брегзит ако Лондон не плати
Европската унија упати предупредување дека следната фаза од преговорите за Брегзит ќе биде одложена за два месеца бидејќи Обединетото кралство одбива да работи со Брисел на т.н. „бракоразводна сметка“, објави Дејли телеграф.
Весникот наведува дека има ексклузивна информација дека главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние го изнел тоа предупредување на приватен состанок со амбасадори на ЕУ во Брисел.
ЕУ соопшти дека нема да разговара за трговијата или идните односи на Лондон и Брисел се додека не се постигне „доволно прогрес“ за прашањето за заштита на правата на граѓаните, границата со Северна Ирска и финансиски прашања.
Според првичниот план на Барние, ЕУ на самитот во октомври би требало да изнесе проценка за „доволен напредок“, но на европските амбасадори им рекол сега дека тоа е малку веројатно. Според проценки, на ЕУ, Британија должи околу 60 милијарди евра по напуштањето на ЕУ по основ на различни правни обврски кои Лондон ги прифатил како член на ЕУ.
Ново на Сител
-
МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево
-
СДСМ: 400 пожарникари без плата
-
За време на семинар се затруле со храна во ресторан во Куманово
-
ССК со предлог до Владата - Вишокот административци да го трансферираат во приватниот сектор
-
Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години партнерство: Македонија и САД ја зацврстија успешната соработка
-
Ле Риголер: Процесот на Европското приближување е процес на спроведување на реформи и трансформација