Дејли Телеграф: Британски конзервативци ја поддржуваат кандидатурата на Џонсон за генерален секретар на НАТО
Истакнати британски конзервативци ја поддржуваат идејата Борис Џонсон да стане следниот генерален секретар на НАТО, но скептиците сметаат дека Франција најверојатно ќе стави вето на неговата кандидатура, пишува Дејли Телеграф.
Изданието забележува дека Џонсон е уште еден британски политичар за кој се зборува дека е во трка за функцијата. Досега се споменуваа имињата на министерот за одбрана Бен Валас и поранешните премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон.
Конзервативецот Ричард Дракс, висок член на Комисијата за одбрана на Долниот дом, изјави за весникот дека ќе го поддржи Џонсон за лидерската функција во НАТО, доколку тој тоа го сака.
Следниот политички шеф на НАТО требаше да биде објавен во септември минатата година, но изборите беа одложени за една година поради војната во Украина.
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз