Дејли мејл: 1700 криминалци од Албанија слободно се движат во Британија
Британската полиција соопшти дека најмалку 1.700 криминалци од Албанија слободно се шетаат во Британија. Се верува дека меѓу поединците кои моментално се во бегство се наркобосови, шверцери на луѓе, измамници и лица кои принудуваат девојки на проституција, пишува Дејли мејл, а пренесе Ора њуз.
Според истиот извор, полицијата и Националната агенција за криминал од властите во Албанија побарале информации за секој од осомничените во обид да ги изведат пред лицето на правдата.
-Се верува дека сите осомничени илегално пристигнале во Велика Британија со чамци и камиони. Бројката беше објавена кога министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала минатата недела за да разговараат за справување со илегалната имиграција и организираниот криминал, наведува британскиот весник.
Додава дека полицијата на Обединетото Кралство побарала информации за 1700 албански мигранти осомничени дека се криминалци, кои албанската полиција брзо ги доставила.
-Исто така албанската полиција побарала информации за сите граѓани кои се осудени за кривични дела во Обединетото Кралство, за да можат да почнат со конфискација на незаконски профит како имот, пари, накит и возила во Албанија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека Обединетото Кралство и Албанија сакаат да ги таргетираат нелегалните финансии, корупцијата, наркотиците и организираниот имиграциски криминал, пишува Дејли мејл.
Ора њуз потсетува дека врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори, каде има околу две илјади затвореници Албанци, ќе бидат трансферирани 200 од нив. Станува збор за најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога. За нив Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава