„Дејли меил“: Разврат како да е Судниот ден во Велика Британија
Велика Британија доживеа „брутална“ ноќ на разврат во ноќните клубови, откако десетици илјади Британци решија да „подмачкаат“ за последен пат пред влегувањето во сила на новите ограничувања поврзани со коронавирусот во земјата од понеделник, пишува Дејли меил.
Групи развеселени млади луѓе – и не само млади – се собираа во ноќните клубови во земјата од рано минатата ноќ, пред влегувањето во сила на мерката за дозволен собир на најмногу шест лица. Исто така, новите мерки за задолжителна физичка дистанца предвидуваат големи казни, кои можат да достигнат и до 3.200 фунти.
Стотици луѓе чекаа ред пред ноќните клубови во Лондон, Нотингем, Манчестер, Портсмут и Лидс. Полицијата, исто така, интервенираше во стотици домови поради илегални масовни забави.
Главниот државен инспектор за здравство Мет Хенкок изјави дека зголемениот број на нови инфекции е причина владата да воведе рестриктивни мерки и „правило на шестмина“ затоа што „пандемијата е далеку од завршена“.
Велика Британија регистрираше повеќе од 3.000 нови случаи на коронавирус втор ден по ред. Одделот за здравство и социјална заштита забележа дневно зголемување од 3.497 нови случаи, нешто помалку од бројката од 3.539 во петокот, што е најголем дневен биланс од 17 мај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
