Дејановски: Самата држава им испраќа порака на вработените да си заминат од администрацијата
Самата држава им испраќа порака на вработените, особено оние на пониските позиции да си заминат од администрацијата, вели за Детектор претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски.
„Со ваквите политики, години наназад, мислам дека самата држава им дава порака на вработените во администрацијата, особено оние слабо платените во референтската категорија да заминат од јавната администрација, од државната администрација.
4300 мислам дека беше вкупниот број на заминати од администрацијата и со природен одлив и со заминување од работно место за рок од две ипол години. Тоа е огромен број на вработени кога ќе ја земете структурата на вработените во администрацијата еве да кажеме во јавниот сектор воопшто. ТОа ќе се случува се почесто и почесто, нема да имаме добар кадар за жал“ – објаснува Дејановски за Детектор.
Ново на Сител
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров