Здравје
23. July 2015 - 13:53

Дефинитивно мора да ја пробате: Рецепт за лимонада со лубеница – лубенада!

Пред вас е краток, едноставен и брз рецепт за летно освежување и уживање во тропските горештини.
 
Состојките за овој пијалок се лесно достапни и секој пазар или пилјара ги има во изобилие, па не претставуваат ни голем трошок.
 
Потребно ви е:
 
4 шолји коцкици лубеница без семки
 
3  ½ шолја вода
 
2 лажички мед
 
½  свеж цеден сок од лимон
 
-парчиња лимон
 
-мента
 
1.Во помало тенџере , додајте  ½  шолја вода и 2 лажички мед и оставете да зоврие. Мешајте додека медот не се раствори.
 
2. Ставете ја лубеницата во блендер и мутете додека не стане мазна смеса. Процедете ја лубеницата додека не добиете чист сок од лубеница.
 
3. Измешајте го сирупот кој претходно го направивте со 3 шолји вода и сок од лимон. Наполнете ја чашата со лед, додајте сок од лубеница и потоа дополнете ја чашата со лимонада.
 
4. Благо промешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и листови нане.