Дедомразовска трка во центарот на Скопје
Во центарот на Скопје денеска ќе се одржи трета дедомразовска трка како дел од празничната новогодишна програма на главниот град. На трката ќе учествуваат лица од различна возраст облечени како Дедо Мраз, а должината на патеката за трка е два километра.
Таа ќе почне напладне од плоштадот „Македонија“ и ќе продолжи по улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, покрај кејот на Вардар од МНР кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост и ќе заврши на целта - повторно на плоштадот „Македонија“.
Пред и по трката ќе има музичка програма и прогласување на најбрзите учесници за кои ќе следуваат награди.
Дедомразовската трка ја организира Град Скопје, преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и „Прв до врв“, а главен поддржувач е Кока-кола.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат