Дедомразовска трка в недела во Скопје
Во центарот на Скопје в недела ќе се одржи дедомразовска трка, како дел од празничната новогодишна програма на градот. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот.
Патеката по која ќе се трча почнува од плоштадот „Македонија“ кон портата „Македонија“, па во правец на Градската болница, новата зграда на МНР по мостот кај „Холидеј Ин“, покрај кејот на Вардар кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост, до целта на плоштадот „Македонија“.
Трката покрај натпреварувачкиот, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 1,5 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
Учеството во трката чини 199 денари, а секој натпреварувач добива стартен број и новогодишна капа. За првите 250 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. Учесниците кои немаат дедомразовски костум, треба да носат новогодишна капа и да бидат облечени во облека во црвена боја.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.
Трката ја организира Град Скопје преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и Здружението „Прв до врв“, а нејзин главен поддржувач е Coca-Cola.
Ова ќе биде второ издание на трката во која учесниците се облечени во дедомразовски костуми, по ланската премиера.
Ново на Сител
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин