-->
-->
Дедо, тракторот ми помина преку стомакот: Oва е детето по кое плаче цела Србија
-->

- Страшна трагедија. Драган беше дете за пример, секогаш насмеан - раскажуваат мештаните на селото Ерчег каде се случи немилиот настан.
Драган Ресимиќ (9) настрада вчера кога преку неговото тело помина трактор кој го управувал неговиот дедо.
Трагедијата немоќно ја гледал неговиот дедо Миќан, кој заедно со таткото на детето косел во близина. Детето почина во болницата во Ужице.
Несреќата се случи во саботата попладне, кога малечкиот Драган со таткото Обрен и дедото Миќан бил на планина. Детето во моментот на несреќата било само покрај тракторот. Извори од истрагата објавија дека дедото видел кога тракторот се помрдал но не успеал навреме да го спаси детето.
-На планина беа детето, таткото и дедото. Тракторот го оставиле паркиран покрај патот. Возилото било закочено, со подигната рачна кочница, а и клучевите не биле во бравата. Таткото косел малку подолу, а дедото отишол да му помогне на синот. Велат дека дедото видел како тракторот тргнал низ ливадата. Почнал да трча и кога стигнал, го нашол детето како лежи на земјата, а тракторот не бил превртен. Детето било свесно и рекло дека тракторот му поминал преку стомакот. За жал детето починало во ужичката болница, велат извори од истрагата.
Од болницата велат дека не детето му немало спас, зошто имал тешки повреди од кои починал и покрај обидот за реанимација.
До несреќата дошло најверојатно поради тоа што детето додека било само се качило на тракторот и најверојатно згазнало на кочницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
