Дедо Мраз ја запроси новинарката среде јавување во живо
Новинарот на РТС Далибор Жариќ, маскиран во Дедо Мраз ја запроси својата колешка Дарка Станојевиќ додека таа во живо известуваше од белградскиот плоштад за подготовките за дочекот на Нова година.
Дарка рече да кога Далибор, соблекувајќи ја капата и брадата, и даде веренички прстен и ја праша храбро, пред 2 милионскиот српски аудиториум, Дали ќе се омажиш за мене?
На запросувањето му претходеше мала напнаторс, зошто Дедо Мраз влета во кадарот додека Дарка известуваше од платото пред Собранието на Србија. Веројатно во намера што побрзо да го откачи Дедо Мразот и да продолжи со известувањето во живо за емисијата Београдски програм, новинарката одговори на некои од прашањата на неповиканиот соговорник, кој лесно не се откажуваше.
Во еден момент Дедо Мраз ја извади маската, и на големо изненадување за Дарка, клекна и и го подаде вереничкиот прстен кој таа го прифати и го стави на рака.
Новинарката на РТС продолжи среќна и насмеана да известува за случувањата на плоштадот, заедно во кадар со идниот сопруг.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел