ДЕЦАТА ОД УЛИЦАТА
Тешка е судбината на оние кои израснале на улица. Многу од нив не дочекале ни полнолетство, многу од нив едвај преживеале или тргнале по погрешни патишта. Судбината на децата од улиците е или затвор или гроб. Секој ден за нив е борба за преживување, а секоја ноќ - надеж дека утре ќе биде подобро. И токму преку оваа серија, ќе ја преживееме судбината на пет вакви деца, пет сирачиња кои ќе се спротивстават на искушенијата кои им ги донесе животот. Улицата е нивниот дом, училиште и бојно поле. Но нивните очи сè уште ќе сјаат со иста невина светлина како потсетник дека детството не треба да се губи во прашината. Сепак, токму таму, меѓу пукнатините на асфалтот и под отвореното небо, се раѓа најголемата сила. Сила да се победи гладот, стравот и неизвесноста, и да се споделат среќните и хумани моменти.
Мерџан, Али, Зипкин и Сабин пронаоѓаат бебе во контејнер и одлучуваат да се грижат за него и да го израснат заедно со нив. Ќе ѝ го дадат името Ѓулајше, девојче за кое од тој момент започнува нов живот покрај новото семејство што ѝ го подари сѐ она што улицата им го одзела ним: љубов, грижа и поддршка.
Но, години подоцна, нивниот живот се менува кога минатото ќе затропа на вратата. Злобниот Чатал по секоја цена сака да го најде детето оставено во ѓубриштето, а децата по секоја цена ќе се обидат да ја заштитат и да ја дознаат вистината за нејзиното потекло. Ќе може ли сега таа да го напушти своето семејство, да замине далеку од своите браќа и сестри, од оние кои ја израснаа и ѝ ги покажаа вистинските вредности на животот?
Трогателна телевизиска драма која ќе ја одбележи оваа сезона. Потресна приказна за децата, кои растат без бајки, но со илјада спомени врежани во очите. Приказна за децата чие детство не мириса на книги и играчки - туку на прашина, студ и неизвесност.
Ново на Сител
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
