Децата на принцот Хари ќе се презиваат поинаку од децата на принцот Вилијам
По венчавката на годината во Британија, тамошните медиуми продолжуваат да го следат секој чекор на принцот Хари и Меган Маркл, чекајќи ги приновите.
Веќе се шпекулира за имиња и титули, а посебна приказна е презимето.
Членовите на британското кралско семејство во јавноста не го користат своето презиме, од кралот Џорџ избрано пред крајот на Првата светска војна. Дотогаш, британското благородништво било именувано по името на замокот, титулата, династијата ... И во некои ситуации, тоа правило се чини дека е се уште важи.
Така, принцовите Вилијам и Хари, пишува „Индекс“, го користеле презимето Велс за време на школувањето, бидејќи тоа е титулата на нивните родители.
Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го користат презимето Кембриџ, и според овој принцип, децата на принцот Хари и Меган Марк ќе го носат презимето Сасекс.
Ново на Сител
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден