-->
-->
Деца со посебни потреби од Македонска Каменица на екскурзија во Крушево
-->
Четириесет децата со посебни потреби од Македонска Каменица денеска се на еднодневна екскурзија во Крушево со што се реализира еден сегмент од програмата за грижа за лицата со пречки во развојот на Општина Македонска Каменица. Како што информираше Розе Стоименова од Општина Македонска Каменица, оваа екскурзија е традиционална и вакви екскурзии се организираат два пати годишни и се посетуваат дестинации по желба на децата.
- Главната цел на овие екскурзии е да помогнеме во социјализацијата на овие деца, со дружење и со наше внимание да им покажеме дека не се сами во нивната секојдневна борба, да им покажеме дека не се различни од другите здрави деца. Нашата порака е дека хуманоста не познава граници, а и мало внимание за овие деца, може да ја измами нивната насмевка и да се почувствуваат сакани, рече Стоименова.
Во Македонска Каменица се евидентирани 60 лица со посебни потреби, а годишно по разни поводи, со поддршка на Општината и РОЦ Саса се делат хуманитарни пакети на нивните семејства. Инаку, во рударска Каменица интензивно се работи на изградба на дневниот центар со посебни потреби. Според најавите, дневниот центар треба да биде готов до крајот на август. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари, а средствата се обебзедени од буџетот на Општина Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа