Македонија
22. January 2019 - 14:31

Деца со оштетен вид ќе учествуваат на „Летната школа 2019“ на Агенцијата за иселеништво

Меморандум за соработка за интеграција и унапредување на потребите на сите деца и младинци кои имаат оштетен вид, денеска потпишаа директорите на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и  директорот ДУРДМОВ „Димитар Влахов ”Никола Шалваринов и Горанчо Јакимов.

Како што соопштија од Агенцијата, на средбата било договорено, при реализацијата на Летната школа 2019 година, да се овозможи на група деца и млади од оваа категорија да учествуваат на истата, а со тоа преку соодветни содржини и активности да им се приближи македонскиот јазик, култура и традиција како и дружба со нивните врсници.