Деца се загубиле во голема снежна бура на Аљаска: Ископале дупка за да преживеат!
Седумгодишниот Итан Камил од Аљаска кој со своите другари се изгубил во голема снежна бура, раскажа како успеале да ја преживеат ноќта.
Итан и уште три деца се загубиле во рурален дел од Аљаска - 14-годишниот Кристофер Џонсон, 8-годишниот Френк Џонсон и 2-годишниот Треј Камил. Тие ноќта ја поминале во дивината, а спасувачките екипи ги пронашле следниот ден.
Итан од болничкиот кревет, каде што докторите му ги лекуваат замрзнатите раце, раскажа за американските медиуми како се снашол со своето друштво за да преживее на така ниските температури.
„Најпрвин се обидовме да го пронајдеме патот до дома, но не успеавме. Стана многу ладно, па ископавме дупка“, раскажа Итан Камил.
Неговата мајка Ирен изјави дека сите се труделе што е можно повеќе да го заштитат 2-годишниот Треј, а Итан застанал до отворот, за да направи место за Треј да биде повеќе заштитен.
Децата исчезнале на 2-ри февруари, а откако биле пронајдени од спасувачките екипи, веднаш биле пренесени во болница со хеликоптер.
„Беа премрзнати, гладни и уморни“, изјави член на спасувачкиот тим за тамошните медиуми.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент