Деца членови на „Аполонија“ во посета на ТППЕ Гевгелија
Децата членови на фондацијата ,,Аполонија“ од Гевгелија во рамки на проектот „Ден со природата“ денеска беа на гости во Територијалната противпожарна единица во Гевгелија, каде ја реализираа последната активност од проектот.
На средбата со пожарникарите на децата им беше објаснето како настануваат пожарите, дали може сами од себе да настанат, какви штети предизвикуваат и какви се последиците од нив за човекот и природата.
По посетата на пожарникарите децата беа на прошетка по природните убавини на планината Кожуф, по долината на Конска Река и во планинското одморалиште „Смрдлива вода“.
- Во нашата последна активност од проектот учевме и за преработување на користените материјали за да добиеме нови, односно за процесот на рециклирање. Научивме дека со рециклирање се спречува губење на материјали, се намалува потрошувачката на нови суровини, се штеди на користење енергија и дека се намалува загадувањето на водата и воздухот, посочија децата кои изразија задоволство што беа дел од поучниот проект на фондацијата ,,Аполонија“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето