Дебранец не го почитувал полицискиот час и вршел угостителска дејност „на диво“
Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против дебранец поради непочитување на полицискиот час.
Освен што не го почитувал полицискиот час, тој вршел угостителска дејност без соодветен упис на фирмата за таа намена.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар. При контрола извршена на 16 минатиот месец во 23:00 часот, полициски службеници во деловен објект на улицата „Братство Единство“ во Дебар, констатирале дека тој врши угостителска дејност без соодветен упис на фирмата за таа намена, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека во моментот на контрола во угостителскиот објект имало и гости.
Исто така Димоски информираше дека од воведувањето на полицискиот час констатирани се 20 прекршувања на забраната за движење и за повеќе од нив веќе се поднесени кривични пријави.
-Од воведувањето на полицискиот час констатирани се 20 прекршувања на забраната за движење. Што се однесува пак до мерката за задолжително носење на заштитна маска, во април издадени се 117 додека во мај 57 прекршочни платни налози, рече Димоски.
Во изминатите два дена од месецов, посочува, не е констатирано непочитување на споменатите мерки.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
