Дебата за вработување на лицата со попреченост во западниот дел на Македонија
Подигање на свеста за вработување на лицата со посебни потреби во западниот дел на Македонија е целта на дебатата што денеска се одржа во Струга во организација на невладината Активен живот од Тетово.
Заменик претседателот на Активен живот Сабри Зендели вели дека немаат конкретна бројка за вработување на лицата со пореченост, но според истражувањата многу од овие лица не биле вработени.
- Голем број од лицата со попреченост не се вработени и седат дома. Има и случаи каде што родителите ги кријат сопствените деца дома и не кажуваат дека имаат попреченост, изјави Зендели.
Според него, лицата со попреченост често се среќават и со пристап до институциите.
- Пристапот до институциите е многу многу слаб. За жал во западниот дел од земјава можам да кажам дека речиси ништо не е направено за лицата со посебни потреби. Има случаи каде лице со попреченост треба да се качува до втори или трети кат за да извади некој документ, а нема лифт, рече Зендели.
Проектот за „Состојбата на лицата со попреченост и можноста за нивно вбработување“ се реализира во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Ново на Сител
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?