Македонија
9. November 2017 - 8:57

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Научна дебата  „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на Управата за безбедност и контраразузнавање и механизми за контрола на следење на комуникациите“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Факултетот за безбедност.

На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски.

Целта на настанот е презентација на моделот и механизмите за контрола на следење на комуникациите и отворање на дебата за понатамошниот процес на трансформација на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија, како и имплементација на стандардите на Европската унија.