Дебата за перспективите на контролинг професијата во Македонија

„Контролинг професијата во Македонија - состојби и перспективи“ е насловена форумската дебата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).
Најавени се предавања и дебати за состојбите, перспективите и искуствата со контролингот во јавниот сектор, во домашните банки и во големите корпорации.
АБИТ е формирана во 2014 година како единствена институција која нуди сертифицирана доедукација во сферата на банкарството и информатичките технологии. Досега едногодишни обуки поминале над 100 слушатели, а специјалистички семинари посетиле над 600 слушатели, вработени во банки, студенти и невработени граѓани.
Во АБИТ членуваат Народна банка на Република Македонија, како и поголем број од банките во нашата земја: Комерцијална банка а.д., НЛБ Банка а.д., Стопанска банка а.д. Скопје, Еуростандард банка а.д., ТТК банка а.д. и Стопанска Банка а.д. Битола.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
